Stiga HPS 345 R 2C1452103/ST1 - Handbuch - Seite 32

Hochdruckreiniger Stiga HPS 345 R 2C1452103/ST1 – Bedienungsanleitung im pdf-Format kostenlos online lesen. Wir hoffen, dass sie Ihnen helfen wird, alle Fragen zu lösen, die Sie bei der Bedienung Ihrer Geräte haben könnten.

Wenn Sie noch Fragen haben, stellen Sie diese bitte in den Kommentaren im Anschluss an die Anleitung.

Die Anleitung wird geladen bedeutet, dass Sie warten müssen, bis die Datei heruntergeladen ist und Sie sie online lesen können. Einige Anleitungen sind sehr umfangreich, weshalb es von Ihrer Internetgeschwindigkeit abhängt, wie lange es dauert, bis sie angezeigt werden.
Seite:
/ 37
Download der Anleitung

163

Македонски

MK

6.5.2

Приклучување на доводот на водата

Уредот може да се приклучи директно на водоводната

мрежа за вода за пиење само ако доводното црево

е опремено со неповратен вентил во согласност со

важечките прописи. Проверете дали цревото има

пречник од најмалку Ø 13 mm, дали е армирано и дали

не е подолго од 25 m.

6.5.3

Вшмукување вода од отворени резервоари

1) Завртете го доводното црево со филтер на доводот

за вода (INLET) и внесете го до дното на резервоарот.

2) Испуштете го воздухот од уредот:

а) Одвртете го копјето.

б) Стартувајте го уредот и држете го пиштолот отворен

сè додека не престанат да излегуваат воздушни

меурчиња од водата.

3) Исклучете го уредот и завртете го копјето.

Забелешка: максималната висина за вшмукување е

0,5 m. Цревото за вшмукување треба да се наполни

пред употреба.

7

НАГОДУВАЊА (СЛИКА 3)/СТРАНИЦА 5

7.1 Нагодување на млазницата (за моделите со оваа одлика)

Протокот на вода се регулира со нагодување на млазницата (E).

7.2 Нагодување на детергентот

За да доставите детергент со соодветниот притисок, поставете

ја млазницата (E) (кога е вградена) на „ “ или поставете го

приборот за детергент (C13) (каде што е достапен) како што е

покажано.

Количината на детергентот се нагодува со регулаторот (F).

7.3 Нагодување на работниот притисок (кај моделите со оваа

одлика)

Регулаторот (G) се користи за нагодување на работниот

притисок. Притисокот се прикажува на манометарот

(кога е вграден).

8

ИНФОРМАЦИИ ЗА КОРИСТЕЊЕ НА УРЕДОТ (СЛИКА 4)/

СТРАНИЦА 5

8.1 Команди

- Прекинувач (H).

Поставете го прекинувачот на (ON/I):

а) за да го стартувате моторот (кај моделите без TSS-уред);

б) за да го овозможите стартувањето на моторот (кај моделите

со TSS-уред).

Ако има пробно ламбиче на уредот, треба да светне.

Поставете го прекинувачот на (OFF/0) за да го исклучите уредот.

Ако има пробно ламбиче на уредот, треба да се изгасне.

- Рачка за контрола на водениот млаз (I).

Внимание - опасност!

За време на работењето уредот мора да биде

поставен како што е прикажано на слика 4, на цврста и

стабилна површина.

8.2 Стартување

(види слика 4)

1) Отворете ја до крај славината за довод на вода.

2) Отпуштете ја сигурносната блокада (D).

3) Притиснете го чкрапецот на пиштолот неколку секунди и

стартувајте го уредот со помош на прекинувачот (ON/I).

Внимание - опасност!

Пред стартување на уредот проверете дали

правилно прима вода; доколку уредот се користи без

вода, тој ќе се оштети. Не покривајте ги решетките за

вентилација кога уредот се користи.

TSS-модели - Кај TSS-моделите со систем за автоматски прекин

на протокот:

- кога чкрапецот на пиштолот се ослободува, динамичкиот

притисок автоматски го исклучува моторот;

- кога чкрапецот на пиштолот се притисне, автоматскиот пад на

притисокот го стартува моторот и притисокот се воспоставува

со многу кратко доцнење;

-

за правилно функционирање на TSS-моделот сите

ослободувања и притискања на пиштолот треба да се прават

со паузи од најмалку 4-5 секунди.

Не дозволувајте уредот да работи на суво за да спречите

негово оштетување и проверете дали правилно се

снабдува со вода.

За да се спречи оштетување на уредот од зголемување на

температурата на водата кај моделите без TSS, уредот не

смее да работи без воден млаз повеќе од 5 минути.

8.3 Запирање

1) Поставете го прекинувачот на (OFF/0).

2) Притиснете го чкрапецот на пиштолот и ослободете го

преостанатиот притисок во цревата.

3) Вклучете ја сигурносната блокада (D).

8.4 Повторно стартување

1) Отпуштете ја сигурносната блокада (D).

2) Притиснете го чкрапецот на пиштолот и ослободете го

преостанатиот воздух во цревата.

3) Поставете го прекинувачот на (ON/I).

8.5 Складирање

1) Затворете ја славината од доводот на водата.

2) Ослободете го преостанатиот притисок од пиштолот додека

целата вода не истече од уредот.

3) Исклучете го уредот (OFF/0).

4) Извлечете го електричниот приклучок од штекерот.

5) Испразнете го и измијте го резервоарот за детергент на крајот

од работната сезона. За миење на резервоарот користете чиста

вода наместо детергент.

6) Вклучете ја сигурносната блокада на пиштолот (D).

8.6 Полнење и користење на детергентот

Доводот на детергент мора да биде со помош на приборот и

според постапките објаснети во точка 7.3.

Користењето на црево за висок притисок подолго од она

што е оригинално испорачано со уредот или користењето на

дополнителен продолжеток на цревото, може да го намали или

целосно да го запре вшмукувањето на детергентот.

Наполнете го резервоарот (B6) со биоразградлив детергент.

8.7 Препорачана постапка за чистење

Растворете ја нечистотијата со нанесување детергент помешан

со вода на сува површина.

На вертикални површини работете од долу кон горе. Оставете

го детергентот да дејствува 1-2 минути, но не дозволувајте

да се исуши површината. Почнувајќи од долу користете го

млазот со голем притисок на растојание од најмалку 30 cm. Не

дозволувајте водата од плакнењето да отиде на неизмиените

површини.

Во некои случаи потребно е триење со четка за да се отстрани

нечистотијата.

Големиот притисок не е секогаш најдоброто решение за добро

чистење бидејќи тој може да оштети некои површини. На

осетливи или боени делови или на компоненти под притисок (на

пр. пневматици, вентили за пумпање итн.) не смее да се користи

најфиното поставување на млазот на нагодливата млазница или

ротирачката млазница.

Ефективното чистење подеднакво зависи од притисокот и од

волуменот на користената вода.

manualsarea.de
Haben Sie noch Fragen?

Haben Sie Ihre Antwort nicht im Handbuch gefunden oder haben Sie andere Probleme? Stellen Sie Ihre Frage in dem unten stehenden Formular und beschreiben Sie Ihre Situation genau, damit andere Personen und Experten sie beantworten können. Wenn Sie wissen, wie Sie das Problem einer anderen Person lösen können, teilen Sie es ihr bitte mit :)

Eine Frage stellen