Makita ELM3720 - Handbuch - Seite 29

Rasenmäher Makita ELM3720 – Bedienungsanleitung im pdf-Format kostenlos online lesen. Wir hoffen, dass sie Ihnen helfen wird, alle Fragen zu lösen, die Sie bei der Bedienung Ihrer Geräte haben könnten.

Wenn Sie noch Fragen haben, stellen Sie diese bitte in den Kommentaren im Anschluss an die Anleitung.

Die Anleitung wird geladen bedeutet, dass Sie warten müssen, bis die Datei heruntergeladen ist und Sie sie online lesen können. Einige Anleitungen sind sehr umfangreich, weshalb es von Ihrer Internetgeschwindigkeit abhängt, wie lange es dauert, bis sie angezeigt werden.
Seite:
/ 34
Download der Anleitung

193

МАКЕДОНСКИ

29.

Никогаш не ракувајте со косилката со

неисправни штитници или заштитници или

кога не се поставени безбедносни уреди, на

пример, одбивачи и/или корпи за трева.

30.

Внимателно вклучете ја косилката во

согласност со упатствата, држејќи ги

стапалата подалеку од сечилото(ата).

31.

Не навалувајте ја косилката кога го

вклучувате моторот, освен ако косилката

мора да се навали за да се стартува. Во овој

случај, не навалувајте ја повеќе отколку

што е апсолутно потребно и подигнете го

само оној дел што е подалеку од ракувачот.

Секогаш уверете се дека двете раце се

во работна позиција пред да го вратите

апаратот на земјата.

32.

Не стартувајте ја косилката додека стоите

пред отворот за исфрлање.

33.

Не ставајте ги рацете или стапалата близу

или под ротирачките делови. Бидете

подалеку од отворот за исфрлање во секое

време.

34.

Не пренесувајте ја косилката додека е

вклучена.

35.

Запрете ја косилката и отстранете го

приклучокот од штекерот. Уверете се дека

сите подвижни делови целосно запреле

- секогаш кога ја оставате косилката,

- пред чистење затнати места или

одзатнување на каналот,

- пред извршување проверка, чистење или

изведување работи врз косилката,

- откако ќе удрите во некој предмет.

Проверете дали на косилката има

оштетувања и поправете ја пред одново да

ја стартувате и да ракувате со неа.

36.

Ако косилката почне да вибрира

невообичаено (веднаш проверете)

- проверете дали има оштетувања,

- заменете ги или поправете ги сите

оштетени делови,

- проверете ги и прицврстете ги сите

олабавени делови.

37.

Бидете внимателни при нагодувањето

на косилката и спречете заглавување

на прстите помеѓу подвижните сечила и

фиксните делови на косилката.

38.

На стрмни падини, косете напречно,

никогаш надолу или нагоре. Бидете многу

претпазливи кога ја менувате насоката

на стрмни падини. Не косете ги стрмните

падини премногу.

39.

Не прскајте ја со црево за вода.

Избегнувајте вода да навлезе во моторот и

електричните поврзувања.

40.

Често проверувајте дали завртката

за монтирање на сечилото е доволно

затегната.

41.

Сите навртки, завртки и шрафови треба да

бидат затегнати со цел опремата да биде во

безбедна работна состојба.

42.

Внимавајте бидејќи едно ротирачко сечило

може да предизвика ротација кај другите

сечила.

43.

Секогаш оставајте ја косилката да се излади

пред да ја складирате.

44.

Кога ги сервисирате сечилата, имајте

предвид дека дури и ако напојувањето е

исклучено, сечилата сè уште може да се

движат.

45.

Заменувајте ги изабените и оштетените

делови заради безбедност. Користете само

оригинални резервни делови и додатоци.

46.

Електричниот алат треба да го сервисирате

кај квалификувано лице за поправки, кое

користи само идентични резервни делови.

Така ќе бидете сигурни дека електричниот алат

и понатаму е безбеден.

47.

Следете ги упатствата за подмачкување и за

менување на додатоците.

48.

Рачките нека бидат суви, чисти, без масло и

маснотии.

49.

Проверете и уверете се дека напонот и

фреквенцијата на напојувањето одговараат

на спецификациите дадени на плочката за

идентификација.

Ние препорачуваме да се

користи заштитен прекинувач (со заземјување)

со активирање на јачина на струја од 30 мА или

помала, или со заштитен уред за заземјување.

50.

Оваа машина може да се користи од

страна на деца на возраст од 8 години

или постари и лица со намалени физички,

сетилни или ментални капацитети или

без доволно искуство и познавање ако се

под надзор или им се даваат упатства за

користење на уредот на безбеден начин и ги

разбираат вклучените ризици. Чистењето и

одржувањето од корисникот не смеат да се

вршат од страна на деца без надзор.

Преостанати ризици

Дури и ако работите со производов согласно сите

барања за безбедност, остануваат потенцијални

ризици од повреда и штета. Следниве опасности

може да настанат во врска со структурата и дизајнот

на производот.
1. Оштетувања на здравјето што резултираат

од емисијата на вибрации ако производот се

користи во текот на долги временски периоди

или со него не се управува соодветно и не се

одржува правилно.

2. Повреди и оштетувања на имотот поради

скршени приклучни алати или ненадеен удар

на скриени предмети за време на употребата.

3. Опасност од повреда и оштетувања на имотот

предизвикани од летечки објекти.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:

Производов

создава електромагнетно поле за време

на работата. Ова поле во некои околности

попречува активни или пасивни медицински

уреди. За намалување на ризикот од сериозна

или фатална повреда, препорачуваме лицата

со медицински уреди да се консултираат

со нивниот лекар и производителот на

медицинскиот уред пред да работат со

производот.

ЧУВАЈТЕ ГО УПАТСТВОТО.

manualsarea.de
Haben Sie noch Fragen?

Haben Sie Ihre Antwort nicht im Handbuch gefunden oder haben Sie andere Probleme? Stellen Sie Ihre Frage in dem unten stehenden Formular und beschreiben Sie Ihre Situation genau, damit andere Personen und Experten sie beantworten können. Wenn Sie wissen, wie Sie das Problem einer anderen Person lösen können, teilen Sie es ihr bitte mit :)

Eine Frage stellen