Bosch UniversalGrassCut 18V-260 06008C1D03 - Bedienungsanleitung - Seite 36

Bosch UniversalGrassCut 18V-260 06008C1D03

Trimmer Bosch UniversalGrassCut 18V-260 06008C1D03 – Bedienungsanleitung, kostenlos online im PDF-Format lesen. Wir hoffen, dass dies Ihnen hilft, etwaige Fragen zu klären. Wenn Sie noch Fragen haben, kontaktieren Sie uns bitte über das Kontaktformular.

Anleitung wird geladen

344

| Македонски

Проблем

Можна причина

Помош

Трепка црвениот
индикатор на
батеријата

Не е возможен
процес на полнење

Батеријата не е (правилно) вметната

Вметнете ја батеријата правилно во уредот.

Контактите на батеријата се извалкани

Исчистете ги контактите на батеријата; на пр.
повеќе пати вметнете ја и извадете ја
батеријата, по потреба заменете ја.

Дефектна батерија

Заменете ја батеријата.

Индикаторот за
наполнетост на
батеријата не свети

Струјниот приклучок на полначот не е
(правилно) вметнат

Струјниот приклучок (целосно) вметнете го во
утикачот.

Утикачот, струјниот кабел или полначот се
дефектни

Проверете го струјниот напон, а полначот
оставете го на проверка во авторизирана
сервисна служба за Bosch-електрични алати.

Одржување и сервис

u

Извадете ја батеријата од машината пред да
работите на неа (на пример пред редовно
одржување, замена на делови и слично), како и
пред транспорт и складирање.

При невнимателно

ракување со прекинувачот за вклучување/
исклучување, постои опасност од повреди.

Одржување, чистење и чување

u

Одржувајте го уредот чист, за да обезбедите добра
и безбедна работа.

Одржувајте ги уредот и отворите за проветрување чисти,
за да функционираат добро и безбедно.
Никогаш не прскајте го уредот со вода.
Никогаш не потопувајте го уредот во вода.
Уредот складирајте го на безбедно, суво место вон допир
на деца.
Не редете други предмети врз уредот.
Внимавајте прстенот за затегнување да е при употреба
секогаш прицврстен за макарата. Во спротивно можат да
настанат силни вибрации.

Одржување на батеријата

За да постигнете оптимална употреба на батеријата
следете ги следните упатства и мерки на претпазливост:
– Заштитете ја батеријата од влага и вода.
– Складирајте ја батеријата во граници на температура

од –20 °C − 50 °C. Не оставајте ја батеријата на пример
во автомобил на лето.

– Батеријата полнете ја одвоено, а не додека стои во

уредот.

– Не оставајте ја батеријата во косачката изложена на

дирекна сончева светлина.

– Оптималната температура за чување на батеријата

изнесува 5 °C.

– Повремено чистете ги отворите за проветрување на

батеријата со мека, чиста и сува четка.

Скратеното време на работа по полнењето покажува дека
батеријата е потрошена и мора да се замени.

Сервисна служба и совети при
користење

Сервисната служба ќе одговори на Вашите прашања во
врска со поправката и одржувањето на Вашиот производ
како и резервните делови. Ознаки за експлозија и
информации за резервните делови исто така ќе најдете
на:

www.bosch-pt.com

Тимот за советување при користење на Bosch ќе ви
помогне доколку имате прашања за нашите производи и
опрема.
За сите прашања и нарачки на резервни делови, Ве
молиме наведете го 10-цифрениот број од
спецификационата плочка на производот.

Северна Македонија

Д.Д.Електрис
Сава Ковачевиќ 47Њ, број 3
1000 Скопје
Е-пошта: [email protected]
Интернет: www.servis-bosch.mk
Тел./факс: 02/ 246 76 10
Моб.: 070 595 888
Д.П.Т.У “РОЈКА”
Јани Лукровски бб; Т.Ц Автокоманда локал 69
1000 Скопје
Е-пошта: [email protected]
Тел: +389 2 3174-303
Моб: +389 70 388-520, -530

Дополнителни адреси на сервиси може да
најдете под:

www.bosch-pt.com/serviceaddresses

Транспорт

Литиум-јонските батерии подлежат на барањата на
Законот за опасни материјали. Батериите може да се
транспортираат само од страна на корисникот, без
потреба од дополнителни квалификации.
При пренос на истите од страна на трети лица (на пр.
воздушен транспорт или шпедиција) неопходно е да се
внимава на специјалните напомени на амбалажата и
ознаките. Во таков случај, при подготовката на пратката
мора да се повика експерт за опасни супстанци.

F 016 L94 189 | (05.08.2021)

Bosch Power Tools

„Anleitung wird geladen“ bedeutet, dass Sie warten müssen, bis die Datei vollständig geladen ist und Sie sie online lesen können. Einige Anleitungen sind sehr groß, und die Zeit, bis sie angezeigt wird, hängt von Ihrer Internetgeschwindigkeit ab.

Zusammenfassung

Seite 3 - Deutsch; r eine spätere Verwendung bitte; te Fremdkörper verletzt werden.

Deutsch | 3 Deutsch SicherheitshinweiseAchtung! Lesen Sie die nachfolgen-den Anweisungen sorgfältig durch.Machen Sie sich mit den Bedienele-menten und dem ordnungsgemäßenGebrauch des Produkts vertraut. Be-wahren Sie die Betriebsanleitungfu ̈ r eine spätere Verwendung bitte sicher auf. Erläuterung de...

Seite 4 - Arbeitsplatzsicherheit; Geräte erzeugen Funken, die; Elektrische Sicherheit; Das Eindringen von

4 | Deutsch Allgemeine Sicherheitshinweise fürTrimmer u Lesen Sie alle Sicherheitshinwei-se, Anweisungen, Bebilderungenund technischen Daten, mit denendieses Gerät versehen ist. Ver- säumnisse bei der Einhaltung der Si-cherheitshinweise und nachfolgen-den Anweisungen können elektri-schen Schlag, Bra...

Seite 7 - Service

Deutsch | 7 Verwendung und Behandlung desAkkuwerkzeugs Entfernen Sie den Akku: – wenn das Gerät vom Benutzer ver- lassen wird – vor dem Entfernen einer Blockade– vor dem Prüfen, Reinigen oder Ar- beiten am Gerät – nach dem Schlagen eines Fremd- körpers am Gerät auf Beschädi-gungen überprüfen – wenn ...

Weitere Modelle Trimmer Bosch

Alle Bosch Trimmer