Samsung Tab Active Pro - Bedienungsanleitung - Seite 124
Tablet Samsung Tab Active Pro – Bedienungsanleitung, kostenlos online im PDF-Format lesen. Wir hoffen, dass dies Ihnen hilft, etwaige Fragen zu klären. Wenn Sie noch Fragen haben, kontaktieren Sie uns bitte über das Kontaktformular.
Македонски
388
Информации за безбедност
Пред да го користите уредот, Ве молиме прочитајте ги овие важни информации за
безбедност. Тоа се општи информации за безбедноста на уредите и може да вклучуваат
содржина што не важи за Вашиот уред. Следете ги информациите за предупредување
и информациите за внимание за да спречите лична повреда или повреда на други и да
спречите оштетување на Вашиот уред.
Изразот „уред“ се однесува на производот и неговата батерија, деловите испорачани
со производот и сите додатоци одобрени од Samsung што се користат со производот.
Предупредување
Доколку не се придржувате до безбедносните предупредувања и
прописи, може да настанат сериозни повреди или смрт
Вашиот уред содржи магнети. Држете го уредот на безбедно растојание од
предмети што се чувствителни на магнети, како на пример, кредитни картички или
имплантирани медицински помагала. Ако имате имплантирано медицинско помагало,
советувајте се со лекарот пред да го користите уредот
Не употребувајте оштетени електрични приклучоци, продолжни кабли или лабави
приклучоци
Небезбеден приклучок може да предизвика електричен шок или пожар.
Не допирајте го уредот, полначот, каблите, приклучоците или штекерите со влажни
раце или други делови од телото кога се влажни
Во спротивно може да настане електричен шок.
Не влечете го прекумерно кабелот за напојување кога го исклучувате
Во спротивно може да настане електричен шок или пожар.
Не превиткувајте го и не оштетувајте го приклучниот кабел
Во спротивно може да настане електричен шок или пожар.
Не допирајте го уредот со влажни раце за време на неговото полнење
Во спротивно може да настане електричен шок.
Не поврзувајте ги директно позитивниот и негативниот пол на полначот
Тоа може да предизвика сериозна повреда.
„Anleitung wird geladen“ bedeutet, dass Sie warten müssen, bis die Datei vollständig geladen ist und Sie sie online lesen können. Einige Anleitungen sind sehr groß, und die Zeit, bis sie angezeigt wird, hängt von Ihrer Internetgeschwindigkeit ab.