Vitamix 63209 - Bedienungsanleitung - Seite 26

Vitamix 63209

Standmixer Vitamix 63209 – Bedienungsanleitung, kostenlos online im PDF-Format lesen. Wir hoffen, dass dies Ihnen hilft, etwaige Fragen zu klären. Wenn Sie noch Fragen haben, kontaktieren Sie uns bitte über das Kontaktformular.

Anleitung wird geladen

110

Г

р и ж а

и

ч и с Т е њ е

Самостојно чистење: (чаша од 20 унци [0,6 л] и сад од 8 унци [240 мл])

1.

Наполнете го садот до половина со вода и додајте неколку капки течен детергент за миење садови.
НЕ БЛЕНДИРАЈТЕ ЖЕШКА ВОДА.

2.

Ставете гумичка на долниот навој од основата на сечилата. Гумичката треба да легне правилно и еднакво на навојот. Навртете ја
основата на сечилата на чашата вртејќи надесно додека не се стегне.

3.

Ставете ги чашата и основата на сечилата на базата.

4.

Притиснете Старт/Стоп. Полека зголемувајте ја променливата брзина до 10.

5.

Пуштете го апаратот да работи од 30 до 60 секунди.

6.

Свртете ја контролата за променлива брзина до 1. Притиснете Старт/Стоп.

7.

Исплакнете ги и исушете ги сите делови.

За дезинфекција: (белило) (чаша од 20 унци [0,6 л] и сад од 8 унци [240 мл])

1.

Следете ги упатствата за чистење погоре.

2.

Наполнете го садот до половина со вода и 1/2 лажичка течно белило.
НЕ БЛЕНДИРАЈТЕ ЖЕШКА ВОДА.

3.

Ставете гумичка на долниот навој од основата на сечилата. Гумичката треба да легне правилно и еднакво на навојот. Навртете ја
основата на сечилата на чашата вртејќи надесно додека не се стегне.

4.

Ставете ги чашата и основата на сечилата на базата.

5.

Притиснете Старт/Стоп.

6.

Полека зголемувајте ја променливата брзина до 10.

7.

Пуштете го апаратот да работи од 30 до 60 секунди.

8.

Свртете ја контролата за променлива брзина до 1. Притиснете Старт/Стоп.

9.

Оставете ја мешавината да отстои во садот уште 1 ½ минута.

10.

Истурете ја мешавината со белило. Оставете го садот да се исуши на воздух. Не плакнете го по дезинфицирањето.

Дезинфекција на (чашата од 20 унци [0,6 л] и садот од 8 унци [240 мл]) со оцет (минимум
киселост од 5%):

Забелешка:

ако киселоста на оцетот е поголема, количеството на вода може да се зголеми за да се добие раствор од минимум 2,5%.

На пример, за киселост од 10% користете 1 дел оцет и 3 дела вода.

1.

Следете ги упатствата за чистење погоре.

2.

Во садот, наполнете 150 мл вода и 150 мл бел оцет (60 мл вода и 60 мл бел оцет). НЕ БЛЕНДИРАЈТЕ ЖЕШКА ВОДА.

3.

Ставете гумичка на долниот навој од основата на сечилата. Гумичката треба да легне правилно и еднакво на навојот. Навртете ја
основата на сечилата на чашата вртејќи надесно додека не се стегне. Ставете ги чашата и основата на сечилата на базата.

4.

Користење на променливата брзина:
а. Притиснете Старт/Стоп.
б. Полека зголемувајте ја променливата брзина до 10.
в. Пуштете го апаратот да работи 60 секунди.
г. Свртете ја контролата за променлива брзина до 1. Притиснете Старт/Стоп.

5.

Оставете ја мешавината да отстои во садот уште 4 минути (вкупно 5 минути време на контакт).

6.

Истурете ја мешавината со оцет. Оставете го садот да се исуши на воздух. Не плакнете го по дезинфицирањето.

ПРЕД ПРВАТА УПОТРЕБА:

1.

Избришете ја базата со топла, мокра крпа, па избришете ја со сува, мека крпа. Измијте ги садот, чашите, капаците, малиот
капак и мешалката со топла вода со детергент. Исплакнете ги сите делови. Избришете ги со сува, мека крпа.

2.

Изберете место на работната површина што е рамно, суво и чисто. Вклучете го блендерот во заземјен штекер со три игли.

Забелешка:

садот Vitamix е направен да може да се чисти целосно без отстранување на завртката за прицврстување и

механизмот со сечило. НЕ обидувајте се да ги отстраните завртката за прицврстување и механизмот со сечило од садот.
Нашите постапки за Нормално чистење и дезинфекција или миењето во машина за садови обезбедуваат целосно и детално
чистење на садот и неговите делови. Ако садот е оштетен, не користете го. ВЕДНАШ контактирајте со Службата за корисници
на Vitamix.

Грижа и чистење на големите садови:

За чистење:

1.

Наполнете го садот до половина со топла вода и додајте неколку капки течен детергент за миење садови.

2.

Прицврстете го или наместете го комплетниот дводелен капак во заклучена позиција.

3.

Ставете го садот на базата.

4.

Притиснете Старт/Стоп.

5.

Полека зголемувајте ја променливата брзина до 10.

6.

Пуштете го апаратот да работи од 30 до 60 секунди.

7.

Свртете ја контролата за променлива брзина до 1. Притиснете Старт/Стоп.

8.

Исплакнете ги и исушете ги сите делови.

За дезинфекција: (белило) (големи садови)

1.

Следете ги упатствата за чистење погоре.

2.

Наполнете го садот до половина со вода и 1 ½ лажичка течно белило.

3.

Прицврстете го или наместете го комплетниот дводелен капак во заклучена позиција.

4.

Ставете го садот на базата.

5.

Притиснете Старт/Стоп.

6.

Полека зголемувајте ја променливата брзина до 10.

7.

Пуштете го апаратот да работи од 30 до 60 секунди.

8.

Свртете ја контролата за променлива брзина до 1. Притиснете Старт/Стоп.

9.

Оставете ја мешавината да отстои во садот уште 1 ½ минута.

10.

Истурете ја мешавината со белило. Оставете го садот да се исуши на воздух. Не плакнете го по дезинфицирањето.

За дезинфекција: (оцет) (големи садови)

1.

Следете ги упатствата за чистење погоре.

2.

Подгответе го растворот со оцет: за садот од 64 унци (2 л), растворете 475 мл оцет во 475 мл вода.

3.

Прицврстете го или наместете го комплетниот дводелен капак во заклучена позиција.

4.

Ставете го садот на базата.

5.

Притиснете Старт/Стоп.

6.

Полека зголемувајте ја променливата брзина до 10.

7.

Пуштете го апаратот да работи од 30 до 60 секунди.

8.

Свртете ја контролата за променлива брзина до 1. Притиснете Старт/Стоп.

9.

Оставете ја мешавината да отстои во садот уште цели 3 минути. Вкупното време на контакт на растворот од оцет во
садот треба да изнесува 5 минути.

10.

Истурете го растворот со оцет од садот преку внатрешната површина од дводелниот капак. Повторете ја постапката
за дезинфекција вторпат.

11.

Оставете ги садот и капакот да се исушат на воздух. Не плакнете го по дезинфицирањето. Ако е потребно, исплакнете
веднаш пред следното користење.

Капаци, мал капак, подлога за центрирање и мешалка

Деловите може да се мијат во машина за садови. Ако сакате, измијте ги деловите во топла вода со детергент. Исплакнете ги
под млаз вода, па избришете ги.

База на блендерот

1.

Исклучете го блендерот и исклучете го од штекер.

2.

Измијте ја надворешната површина со влажна, мека крпа или сунѓер, кој е потопен во благ раствор на течен детергент и топла вода. Не
ставајте ја базата на блендерот во вода. Подлогата за центрирање може да се извади за потемелно чистење.

3.

Веднаш исушете ги сите површини и избришете ги со мека крпа.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ

За да избегнете повреда и оштетување.

За да избегнете случајно вклучување, исклучете го и исклучете го блендерот од струја пред чистење.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ

Опасност од струен удар.

Секогаш исклучувајте го кабелот од струја кога ја чистите базата на блендерот или кога не го користите.

Не ставајте ја базата на блендерот во вода или друга течност.

Непочитувањето на упатствата може да предизвика смрт или струен удар.

„Anleitung wird geladen“ bedeutet, dass Sie warten müssen, bis die Datei vollständig geladen ist und Sie sie online lesen können. Einige Anleitungen sind sehr groß, und die Zeit, bis sie angezeigt wird, hängt von Ihrer Internetgeschwindigkeit ab.

Zusammenfassung

Seite 2 - y m b o l e; Hinweis: Der Ascent A2300i bietet keine Programme; Einige Modelle sind nicht in allen Ländern verfügbar.; Lassen Sie sich inspirieren; ACHTUNG

A2300 i und A2500 i H ocHleistungsmixer Ascent-Serie VM0185 Warnhinweise NIEMALS bewegliche Teile berühren. Stecken Sie weder die Hände noch Geräte in den Behälter Gefahr durch elektrischen Schlag Hohe Temperaturen beim Mixen heißer Flüssigkeiten Ziehen Sie den Stecker, während das Gerät nicht verw...

Seite 3 - LESEN SIE ALLE; WICHTIGE HINWEISE ZUM SICHEREN GEBRAUCH; BEWAHREN SIE DIESE ANWEISUNGEN AUF; Zur Vermeidung von Verletzungen.; WARNHINWEIS; Gefahr eines Stromschlags; NIEMALS

10 W i c h t i g e h i n W e i S e z u m S i c h e r e n g e b r a u c h WARNHINWEISE: Um das Risiko ernster Verletzungen mit Ihrem Vitamix®-Mixer zu verhindern, sollten Sie die grundlegenden Sicherheitshinweise, wie in den folgenden Beispielen beschrieben, beachten. LESEN SIE ALLE ANWEISUNGEN, ...

Seite 4 - keitsregler; Pulsfunktion

11 b a u t e i l e u n d f u n k t i o n e n A2500i Bedienfeld Geschwindig- keitsregler mit Programmen OFF ON Ein/Aus-Schalter Start/Stopp Pulsfunktion Technologie – Der Mixer, die Behälter und die Becher kommunizieren über drahtlose Technologie. Jeder Behälter ist für einen Betrieb an der Basiss...

Weitere Modelle Standmixer Vitamix