Stiga Twinclip 55 SVEQ B 294563528/ST1 - Bedienungsanleitung - Seite 51
Rasenmäher Stiga Twinclip 55 SVEQ B 294563528/ST1 – Bedienungsanleitung, kostenlos online im PDF-Format lesen. Wir hoffen, dass dies Ihnen hilft, etwaige Fragen zu klären. Wenn Sie noch Fragen haben, kontaktieren Sie uns bitte über das Kontaktformular.
MK - 12
2.
Оставете го моторот да се излади.
3.
Отстранете го капачето на свеќичката, (сл.24.A).
4.
Извадете го клучот (сл.24.C) или
батеријата (кај модели со команда за
електрично палење преку копче).
5.
Исчистете ја машината детално (пасус 7.4).
6.
Проверете дали на машината има
оштетувања. Ако е потребно, контактирајте
со овластен сервисен центар.
7.
Одложете ја машината:
•
Во сува просторија.
•
Засолнета од лоши временски услови.
•
По можност покриена со прекривка.
•
На место надвор од дофатот на децата.
•
Проверете дали сте ги тргнале клучевите и
опремата што ја користевте при одржувањето.
9.1
ВЕРТИКАЛНО ЧУВАЊЕ
Во случај на неопходност, одредени модели
(видете ја табелата со технички податоци) може
да се одложуваат вертикално (сл.25.0).
Не одложувајте ја машината вертикално со
резервоар полн над дното на индикаторот за ниво
на гориво (сл.21.A).
Постапете како што следи:
1.
Спуштете ја шасијата до висина
за косење “3” (пасус 5.7).
2.
Од позиција за работа, активирајте ги двете
рачки на двете страни на ракофатот (сл.15.B)
(тип „I“- „II“) и задржете ги во таа позиција.
3.
Свиткајте ја рачката внимателно
во затворена позиција.
4.
Подигнете го предниот дел на
машината (сл.25.0).
Одложете ја машината на начин уредот
за косење да остане насочен кон ѕид или со
соодветна заштита на него за да не претставува
опасност во случај на случаен или ненамерен
контакт со возрасни лица, деца или животни.
Не оставајте ја машината во позиција и под
агол поголем од вертикалниот (90°). Во спротивен
случај, бензинот може да излезе од резервоарот
за гориво.
Не обидувајте се да ги одложите во
вертикална позиција оние машини коишто не се
проектирани за таква цел.
10.
ДВИЖЕЊЕ И ТРАНСПОРТ
Секојпат кога е потребно движење, подигнување,
транспорт или закосување на машината:
•
Застанете ја машината (пасус 6.5).
•
Проверете дали сите делови што се
движат се застанати целосно.
•
Отстранете го капачето на свеќичката, (сл.24.A).
•
Извадете го клучот (сл.24.C) или
батеријата (кај модели со команда за
електрично палење преку копче).
•
Носете заштитни ракавици.
•
Фатете ја машината на места кои нудат
сигурен зафат, имајќи ја предвид нејзината
тежина и распределба на истата.
•
Ангажирајте соодветен број луѓе во согласност
со тежината на машината и карактеристиките
на средството за транспорт или за местото на
кое треба да се донесе или земе истата.
•
Проверете дали кога работи машината, нема
знаци на оштетувања или дефекти.
Кога ја носите машината со возило или на приколка:
•
Користете пречки за отпор со
соодветна должина и ширина.
•
Носете ја машината со изгаснат мотор без можност
да се вклучи, ангажирајќи соодветен број лица.
•
Спуштете ја плочата со уредот
со сечивото. (пасус 5.7).
•
Поставете ја на начин да не
претставува опасност за никого.
•
Цврсто блокирајте ја во текот на транспортот со
јажиња или синџири за да избегнете превртување.
Не транспортирајте ја машината во
вертикална позиција со можност за вертикално
одложување.
11.
ПОМОШ И ПОПРАВКИ
Ова упатство ги претставува сите неопходни
индикации за управување со машината и за
правилно одржување што ги извршува корисникот.
Сите интервенции за регулација и одржување
што не се опишани во ова упатство треба да ги
спроведе застапникот или специјализиран сервисен
центар бидејќи знаат како и ги имаат неопходните
инструменти со коишто работата ќе се заврши
правилно, земајќи го во предвид првобитниот
степен на безбедност и условите на машината.
Сите операции што се изведени на несоодветен
начин и од неквалификувани лица придонесуваат
да се изгуби секоја форма на гаранција и секој
облик на обврска на производителот.
•
Само овластените сервиси за помош
може да ги извршуваат поправките и
одржувањето што се под гаранција.
•
Овластените сервисни центри користат само
оригинални резервни делови. Оригиналните
резервни делови и дополнителна опрема се
специјално дизајнирани за машината.
•
Резервните делови и дополнителната опрема
коишто не се одобрени, употребата на резервни
делови и дополнителна опрема коишто не
се оригинални ја нарушуваат безбедноста на
машината и го ослободуваат производителот
од секоја обврска или одговорност.
12.
ОПСЕГ НА ГАРАНЦИЈАТА
Условите во гаранцијата се наменети
исклучиво за потрошувачи, односно
оператори, а не професионалци.
„Anleitung wird geladen“ bedeutet, dass Sie warten müssen, bis die Datei vollständig geladen ist und Sie sie online lesen können. Einige Anleitungen sind sehr groß, und die Zeit, bis sie angezeigt wird, hängt von Ihrer Internetgeschwindigkeit ab.
Weitere Modelle Rasenmäher Stiga
-
Stiga Collector 43 2L0431048/ST1
-
Stiga Combi 340c 294380068/ST2
-
Stiga COMBI 344e Kit 294426068/ST2
-
Stiga Combi 48
-
Stiga Combi 48 SVQ 2L0487848/ST1
-
Stiga Combi 50 SVEQ H 294503538/ST1
-
Stiga COMBI 53 SVQ H 2L0537838/ST1
-
Stiga Combi 55 SVQ H 294557838/ST2
-
Stiga Combi 748 SE 2L0486548/ST2
-
Stiga Combi 753 S 2L0536848/ST2