Stiga Combi 48 SVQ 2L0487848/ST1 - Bedienungsanleitung - Seite 33
Rasenmäher Stiga Combi 48 SVQ 2L0487848/ST1 – Bedienungsanleitung, kostenlos online im PDF-Format lesen. Wir hoffen, dass dies Ihnen hilft, etwaige Fragen zu klären. Wenn Sie noch Fragen haben, kontaktieren Sie uns bitte über das Kontaktformular.
MK - 1
MK
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: ПРЕД УПОТРЕБА НА МАШИНАТА, ПРОЧИТАЈТЕ ГО ВНИМАТЕЛНО
СЛЕДНОВО УПАТСТВО. Да се сочува за понатамошни потреби.
СОДРЖИНА
1. ОПШТО
.............................................................................................1
2. БЕЗБЕДНОСНИ МЕРКИ
...............................................................1
3. ЗАПОЗНАЈТЕ ЈА МАШИНАТА
......................................................3
4. МОНТАЖА
.......................................................................................
4
5. КОМАНДИ ЗА КОНТРОЛА
...........................................................
4
6. УПОТРЕБА НА МАШИНАТА
..........................................................
4
7. ОДРЖУВАЊЕ
.................................................................................6
8. СКЛАДИРАЊЕ
................................................................................6
9. УПРАВУВАЊЕ И ТРАНСПОРТ
.....................................................7
12. ДОПОЛНИТЕЛНА ОПРЕМА ПО ИЗБОР
.....................................8
1.
ОПШТО
1.1
КАКО ДА СЕ ЧИТА УПАТСТВОТО
Во ова упатство одредени поглавја содржат важни информации
во однос на безбедноста и на функционалноста и се нагласени на
следниот начин:
ЗАБЕЛЕШКА ИЛИ ВАЖНО
даваат детални или
дополнителни информации за она што е претходно наведено, со
цел да се спречи оштетување на машината.
Овој
симбол посочува на опасност. Непочитувањето на ова
предупредување создава можност за лични повреди или на трети
лица и/или штети.
Пасусите означени со квадратче со рамка
и сиви точки посочуваат на изборни одлики
коишто не се присутни кај сите модели
дадени во ова упатство. Проверете дали се
достапни карактеристики за овој модел.
Сите индикации „напред“, „назад“, „лево“ и „десно“ на машината
,
се дадени во однос на позицијата за работа на операторот.
1.2
НАСОКИ
1.2.1
Слика
Сликите во ова упатство за употреба се нумерирани со 1, 2, 3 и
така натаму.
Компонентите посочени на сликите се означени со буквите А, B,
C и така натаму.
Насоката за компонентата C на сликата 2 се означува со
изразот: „Видете на сл. 2. C“, или поедноставно „(слика 2.C)“.
Сликите се само за пример. Вистинските делови може да се
разликуваат во однос на оние на сликата.
1.2.2
Наслови
Упатството е поделено на поглавја и пасуси. Насловот на пасус
„2.1 Обука“ е заменето со „2.
Безбедносни норми". Насоките за насловите или пасусите се
означени со кратенките погл. или пас. и со соодветниот број.
Пример: „погл. 2“ или „пас. 2.1"
2.
БЕЗБЕДНОСНИ МЕРКИ
2.1
ОБУКА
Запознајте се со командите и правилното користење
на машината. Научете брзо да го запирате моторот.
Непридржувањето кон предупредувањата и кон упатството
може да предизвикаат изгореници и/или сериозни повреди.
•
Не дозволувајте никогаш деца да ја употребуваат машината,
или други лица што не ги знаат основните упатствата.
Локалните закони може да предвидат минимална возраст за
управување со машината.
•
Никогаш не ја користете машината доколку корисникот
е изморен или изнемоштен, или користел лекови, дрога,
алкохол или други штетни супстанци што можат да ги забават
неговите рефлекси и да ја загрозат неговата способност за
пресуда.
•
Не пренесувајте деца или други патници.
•
Имајте на ум дека корисникот е одговорен за незгодите или
опасноста по други лица или нивниот имот. Во опсегот на
одговорности на операторот спаѓа и проценката на можните
ризици на теренот каде треба да се работи и затоа преземете
ги сите неопходни безбедносни мерки за да ја гарантирате
својата, но и безбедноста на другите особено на закосени,
нерамни, лизгави или нестабилни терени.
•
Во случај кога во опкружувањето на машината има други лица,
проверете дали корисникот ги почитува упатствата што се
содржани во ова упатство.
2.2
ВОВЕДНИ ОПЕРАЦИИ
Систем за лична заштита (СЛЗ)
•
Носете соодветна облека, работни чевли со ѓон против
лизгање и долги пантолони. Не вклучувајте на машината
со боси нозе или со отворени сандали. Носете заштитни
слушалки за слухот.
•
Употребата на акустична заштита ја намалува можноста да ги
слушнете можните предупредувања (повикување или аларми).
Обрнувајте исклучително внимание на она што се случува
околу областа за работа.
•
Носете ракавици за работа во сите ситуации каде има ризик
за рацете.
•
Не носете марами, наметки, ремени, бразлетни, облека со
лелеави делови или со врвки и врски и слични додатоци што
висат или се долги и би можеле да се закачат за машината или
за предмети и материјали кои се производ на работата.
•
Соодветно приберете ја косата доколку е долга.
Област за работа/машина
•
Проверете ја темелно целата површина за работа и отстранете
сè што би можело да биде исфрлено од машината и да ги
оштети сечилата/ротирачки делови (камења, гранки, железни
остатоци, коски, итн.).
Мотор со внатрешно согорување мотори: гориво
ОПАСНОСТ!
Горивото е високо запаливо средство.
•
Чувајте го горивото во соодветни садови за таа намена, на
безбедно место, подалеку од извор на топлина или отворен
оган.
•
Одржувајте ги садовите чисти од остатоци од трева, лисја или
масло.
•
Чувајте ги садовите подалеку од дофат на деца.
•
Не пушете додека полните или дополнувате гориво.
•
Дополнувајте гориво со инка и на отворена површина.
•
Не ги вдишувајте гасовите.
•
Никогаш не отворајте го капачето на резервоарот, и не
дополнувајте гориво додека моторот работи или е уште
загреан.
•
Полека отворете го капачето на резервоарот оставајќи
внатрешниот притисок постепено да испари.
„Anleitung wird geladen“ bedeutet, dass Sie warten müssen, bis die Datei vollständig geladen ist und Sie sie online lesen können. Einige Anleitungen sind sehr groß, und die Zeit, bis sie angezeigt wird, hängt von Ihrer Internetgeschwindigkeit ab.
Weitere Modelle Rasenmäher Stiga
-
Stiga Collector 43 2L0431048/ST1
-
Stiga Combi 340c 294380068/ST2
-
Stiga COMBI 344e Kit 294426068/ST2
-
Stiga Combi 48
-
Stiga Combi 50 SVEQ H 294503538/ST1
-
Stiga COMBI 53 SVQ H 2L0537838/ST1
-
Stiga Combi 55 SVQ H 294557838/ST2
-
Stiga Combi 748 SE 2L0486548/ST2
-
Stiga Combi 753 S 2L0536848/ST2
-
Stiga Combi 753 SE 2L0536548/ST2