Bosch GTM 12 JL - Bedienungsanleitung - Seite 47
Kreissägeblatt Bosch GTM 12 JL – Bedienungsanleitung, kostenlos online im PDF-Format lesen. Wir hoffen, dass dies Ihnen hilft, etwaige Fragen zu klären. Wenn Sie noch Fragen haben, kontaktieren Sie uns bitte über das Kontaktformular.
Македонски |
367
Bosch Power Tools
1 609 92A 1T0 | (28.10.15)
Прекин на струја
Прекинувачот за вклучување-исклучување е таканаречен
прекинувач за нулта напон, кој спречува рестартирање на
електричниот апарат по прекин на струја (на пр.
извлекување на струјниот кабел за време на работата).
– За да може повторно да го користите електричниот
апарат, одново притиснете на зеленото копче за
вклучување
2
.
Совети при работењето
Општи напомени за сечење
При сите резови најпрво мора да се осигурате, дека
листот на пилата во ниеден момент нема да ги допре
граничниците или другите делови на уредот.
Заштитете го листот за пилата од удари. Не го изложувајте
листот за пилата на страничен притисок.
Внимавајте на тоа, клинот за расцепување да стои во една
линија со листот на пилата.
Не обработувајте искривени делови. Делот што се
обработува мора да има секогаш прав раб за поставување
на паралелниот граничник.
Секогаш чувајте ја подвижната водечка летва на
електричниот апарат.
Не го користете електричниот уред за превиткување,
правење жлебови и процепи.
Долгите делови што се обработуваат мора да се потпрат на
слободниот крај или да се прицврстат. (види слика
E)
Позиција на корисникот (види слика
F)
Не се поставувајте во една линија со листот за
пилата пред електричниот апарат, туку секогаш
странично од листот за пилата.
На тој начин, вашето
тело е заштитено од можен повратен удар.
– Држете ги дланките прстите и рацете подалеку од
ротирачкиот лист за пилата.
Притоа внимавајте на следниве напомени:
– Држете го цврсто делот што се обработува со двете
дланки и притиснете го на масата за пила, особено кога
работите без граничник.
– При сечењето на тенки парчиња користете ја
испорачаната подвижна водечка летва.
Сечење
Сечење на прави резови
– Поставете го паралелниот граничник
61
на саканата
ширина на резот. (види „Поставување на паралелниот
граничник“, страна 366)
– Поставете го делот што се обработува на масата за
пилата пред заштитната хауба
63
.
– Поставете ја правилната висина на листот на пилата.
(види „Поставување на висината на листот на пилата“,
страна 366)
–
Осигурете се дека заштитната хауба е прописно
позиционирана.
При сечењето, таа секогаш мора да
биде на делот што се обработува.
– Вклучете го електричниот апарат.
– Сечете го делот што се обработува со ист притисок.
– Исклучете го електричниот апарат и почекајте додека
листот за пилата не дојде целосно во состојба на
мирување.
Проверка на основните поставки и подесување
Пред било каква интервенција на електричниот
апарат, извлечете го струјниот приклучок од
ѕидната дозна.
За да обезбедите прецизни резови мора да ги проверите
основните поставки по интензивно користење на
електричниот апарат и евентуално да ги подесите.
За тоа ви е потребно искуство и соодветен специјален
алат.
Сервисната служба на Bosch оваа работа ја води прецизно
и доверливо.
Поставување на показателот на растојание на
паралелниот граничник (види слика
G)
– Користете еден дел за обработка или соодветен
предмет со точно дефинирана ширина x. Должината на
предметот треба да биде приближно колку дијаметарот
на листот на пилата.
– Вметнете го предметот под заштитната хауба
63
и
поставете го прецизно до листот на пилата.
– Поместете го паралелниот граничник
61
од десно
додека не го допре предметот и фиксирајте го
паралелниот граничник во оваа позиција.
Проверете:
Показателот на растојание
69
мора да ја покажува
ширината x на предметот на скалата
65
.
Поставување:
– Олабавете го шрафот
70
со испорачаниот плоснат
одвртувач и израмнете го показателот на растојание на
точната ширина x.
Поставување на силата на затегање на паралелниот
граничник (види слика
H)
Силата на затегање на водилката
71
на паралелниот
граничник може да попушти по честа употреба.
– Затегајте го шрафот за подесување
72
, додека да се
фиксира паралелниот граничник на масата за пила.
Паралелниот граничник израмнете го паралелно кон
листот на пилата
– Користете едно парче или соодветен предмет со
паралелни рабови. Должината на предметот треба да
биде приближно колку дијаметарот на листот на пилата.
– Вметнете го предметот под заштитната хауба
63
и
поставете го прецизно до листот на пилата.
– Поместете го паралелниот граничник
61
од десно
додека не го допре предметот.
Проверете:
(види слика
I1)
Паралелниот граничник мора да биде прецизно поставен
по целата должина со преметот.
Поставување:
– Извадете го паралелниот граничник од масата за пила
59
и олабавете ги со крстест одвртувач трите шрафа
73
на долната страна на лизгачката шина на паралелниот
граничник. (види слика
I2)
OBJ_BUCH-1688-006.book Page 367 Wednesday, October 28, 2015 3:13 PM
„Anleitung wird geladen“ bedeutet, dass Sie warten müssen, bis die Datei vollständig geladen ist und Sie sie online lesen können. Einige Anleitungen sind sehr groß, und die Zeit, bis sie angezeigt wird, hängt von Ihrer Internetgeschwindigkeit ab.
Weitere Modelle Kreissägeblätter Bosch
-
Bosch GCM 216
-
Bosch GCM 800 SJ